три (бр.) - свет (имн.)

На моите сонца за три светови На еден изгрев и на вербата во Бога, кој, случајно или намерно, ги вкрстува шините на возовите во кои патуваат само добри луѓе кои, ете, навистина постојат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се шетам по собите и ги гледам. И не можам да им се нагледам. Сонцата мои за три светови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)