три (бр.) - скала (имн.)

Тој достоинствено ги минува трите скали на сандакот и излегува во ноќ. Музика, тихо!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека прескокнувавме по три скали одеднаш, клучот пријатно ме удираше врз голите гради.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)