три (бр.) - четвртина (имн.)

Животот на татко ми на Балканот се поклопуваше точно со три четвртини од дваесеттиот век.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
IV Пред мојата прва дипломатска мисија како амбасадор на Југославија: често се прашував кои беа моите заслуги да се најдам на висок пост на државата Југославија, која во три четвртини на XX век (1941-1981), од антифашистичкиот отпор на Јосип Броз Тито, неговото спротивставување на Сталин, создавањето на најдолговечната федерација на Балканот (и покрај с), создавањето на движењето на неврзаните, варијанта на утопискиот, самоуправен социјализам, со речиси целосно отворени граници, играше значајна улога во Европа и светот, и покрај робувањето на националистичките хиерархиски противречности, неподготвеноста кон среќна транзиција на своите вредности кон мултипартиска и конфедеративна разрешница?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше генијалност во тој човек од кого се плашеа, опасен но и три четвртини скршен човек.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А.А., беше свесен дека најтешка задача во создавањето на поставката на Атеистичкиот музеј имаше со елиминирањето на исламската религија од душите на луѓето, од близу три четвртини од населението во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На крајот, мајка му открши три четвртини од чоколадата и му го даде на Винстон, а едната четвртина на сестра му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)