три (бр.) - друг (прид.)

Старата анама, што на млади години сучела баклави за самиот Џеладин-бег, таа беше дојдена уште од петокот со три други анами и до саботата вечер не исправија грб од кр’говите и не ги оставија сукалата од раце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наредниот ден таа беше во кантината во вообичаеното време, но со три други девојки и веднаш под телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Расфрлани низ Лондон, постоеја само уште три други згради со сличен изглед и големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(Главната соба во куќата на Андреевиќ која е поврзана со три други соби и кујна. Димитрија седи во инвалидска количка. Чита весник. Марија седи на кревет. Гледа пред себе. Тишина. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)