три (бр.) - основен (прид.)

Како организација имала три основни задачи: - да извршува саботажи - да организира и да ја помага герилската борба и - политичка субверзија и илегална пропаганда.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа била составена од три дела: ф) делот, СОЕ1 задолжен за тајна пропаганда; г) делот СОЕ2 одговорен за саботажи; х) делот СОЕ3 задолжен за планирање Како организација имала три основни задачи: - да извршува саботажи, - да организира и да ја помага герилската борба и - политичката субверзија и илегална пропаганда.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во историјата на модерната уметност три основни извори се земаат како најважни за настанувањето на денешниот мејл-арт: Њујоршката дописна школа на уметноста (New York Correspondence School of Art), основана 1962. од американскиот уметник Реј Џонсон, чија активност се состоела во праќање на сопствените колажи на одреден круг пријатели и уметници (вкупно имало стотина вклучени), по што добивал уметнички одговори; потоа е важно француското движење Нов Реализам (Nouveau Realisme) во рамките на кое во почетокот на шеесеттите Ив Клајн и Бен Вотје создаваа „поштенски скандали”; третото движење е меѓународната група Флуксус (Fluxus), која шеесеттите години работеше врз испитувањето на пропусноста на поштенскиот медиј како и на парафразирањето на неговите средства (марки, печати, дописни картички итн.).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Била формирана да изведува специјални операции, т.е. „операции кои не се нормални“ и кои не можеле да бидат изведени безбедно или успешно од другите владини оддели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како организација имала три основни задачи: - да извршува саботажи, - да организира и да ја помага герилската борба и - политичка субверзија и илегална пропаганда.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, феникиското, ханаанејското и арамејското писмо како три основни подвидови на семитскиот систем на писмо настанаа од старосемитскиот, или поточно речено, од протосемитскиот систем на писмо, кој сам по себе претставува консонантно- силабичко писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проблемот на генезата на алфабетските системи писмо треба да се разгледува врз широката заднина на филогенетскиот развој на писмото како такво и оформувањето на конкретно алфабетските писма од претходниот, старосемитски консонантно-силабички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тоа време во секој од големите градови постоел по еден затвор кој бил наменет за лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но и тогаш една од причините за полудување доаѓа од Бога – во времето на ренесансата лудилото е сфатено како последица на три основни грева: лудило на вообразбата, кога човек верува дека е некој, или нешто, што реално не е; лудило како Божја казна; лудило како последица на огромна страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)