три (бр.) - партизански (прид.)

Кон крајот на 1941 дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди, но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за оружена борба против окупаторот и колаборационистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според нив, истакнал капетанот Мекдоналд “’слободното гласање’ би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани“.356 Според неговите опсервации “ист е и случајот и со Албанија“ и дека “трите партизански движења...албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу јаки заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и активно и спремно соработуваат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Втората оперативна зона, во реонот на Дебарца, Струга и Малесија, дејствувале три партизански одреди: “Славеј“, “Малесија“ и “Дримкол“, а во реонот на Преспа дејствувал баталјонот “Стеван Наумов“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Од средината на август 1941 до крајот на декември 1942 год била оживотворена одлуката за вооружено востание во Вардарска Македонија, изразено со формирање на диверзантски групи и три партизански одреди: Скопски (август 1941), Прилепски и Кумановски (октомври 1941), со околу 100 борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На крајот ќе заклучи дека трите партизански движења: грчкото, албанското и македонското, не покажувале меѓусебен страв или сомневање и активно и спремно соработувале.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)