три (бр.) - различен (прид.)

2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ниту пак врз она кое ние ќе го нарекуваме логоцентризам: метафизиката на фонетското писмо (на пример, на алфабетот), која, во основа, - од таинствени, но суштински причини, недостапни за еден обичен историски релативизам, - беше само најизворен и најмоќен етноцентризам, денес оди кон тоа да се наметне на целата планета, наложувајќи ги, во еден и ист поредок: 1. поимот на писмото, во еден свет во кој фонетизацијата на писмото треба, продуцирајќи се, да ја прикрива сопствената историја;
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А Татко, кутриот, сиот живот се навикнуваше и никако докрај да се навикне на три различни писма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
125. Не случајно Мисирков зема тројца од Охрид што се свртеле на три различни страни и се ставиле во услуга на трите националистички пропаганди за завојување на татковината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подготовките за зборот и веридбата одвоено се одвиваа на три различни места.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во секој случај, напишана е 1948-та, долго е преработувана (познати се три верзии на првиот чин и барем три различни наслови: Рафал, Фролик и, уште почудно, во стилот на повоените американски криминалистички филмови, Нивната дрскост беше славна), ветена, со договорот од 21 октомври 1948, на издавачот Марк Барбез, кој драмата требало да ја објави следната година во списанието Arbalete.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нè затворија во три различни аргачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тоа се уверив откако слушнав две исти сказни кажани од две различни усти, чуени од трето уво, запишани од прва рака, во три различни времиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле ископаа три дупки во каменоломот со различна длабочина и широчина и постави три различни полиња на експлозив: послабо, посилно и најсилно. Спроведоа жица од мините до куќата од Китан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Следејќи го ван Генеп, тој ги разликува премините во три различни збирови на обреди (види Слика 1): a) пред- 26 „Влажни грбови“, погрден назив за мексиканските емигранти во САД. 27 Mary Pat Brady, “The Fungibility of Borders,” Nepantla: Views from South Volume 1, Issue 1 (2000): 177. 28 Mark B. Salter, “At the threshold of security: a theory of interna- tional borders,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Se- curity, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 37-38. 28 лиминални (обреди на сепарација од претходниот свет), б) лиминални/прагови (обреди на транзиција); и в) пост-лиминални (обреди на инкорпорирање во новиот свет).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Доколку зрнца песок се испуштаат врз врвот од една песочна купа системот може да пројави три различни типа на поведение: подкритично, критично и надкритично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)