три (бр.) - свој (прид.)

Неговата природа ми се чинеше евтина, неспособна да се подари елегантно и ефикасно во суштествувањето на трите свои наследнички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двата негови чекори со три свои му ги втасувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)