три (бр.) - или (сврз.)

Значи, судската одлука е извршна ако станала правосилна и ако истекол рокот за доброволно исполнување на должниковата обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А овој рок тече од денот на доставување на одлуката до должникот (чл. 14, ст.1 и 3 од ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, на секои три или, пак, на секои шест месеци – склучуваше т.е. го продолжуваше договорот за работа на определено време со нејзиниот работодавач.2 Инаку, претходно, веќе имаше остварено повеќе од 13 години работен стаж во печатница – којашто, во неуспешната транзиција, како и многу други велешки претпријатија, отиде под стечај и повторно не проработи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Четиричлениот тим напорно работи за да го одржи ритамот со побарувачката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога почнуваа со оваа работа, имаа релативно лесна задача оти имаше само три или четири различни видови „Екстази“ таблети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поработуваа и одеа дома да однесат парче леб и да се преслечат, а потоа, со обновени визи за три или за шест месеци, пак доаѓаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Да, издавам соби! - рече тој. За еден месец, за соба со три или четири кревети - 4.000 драхми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Убаво уреден стан. Со кујна и со купатило, а собите можат да примат два, три или четири кревети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Приквечер беше сешто живнато. По џаде врвеше нагоре-надолу свет, дворовите се разбудија, а крчмите, три или четири, беа полни и шумни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ние, се разбира, ја забрзуваме еволуцијата и се обидуваме за еден месец да го постигнеме она што се случувало во последниве три или четири милиони години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
16. Запрашаа една жена која живееше на село колку студено било минатата година. „Не многу студено“, одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш додаде, “Имаше само три или четири дена кога моравме да останеме во кревет за да се згрееме”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За на пат доби едно бедно истрошено коњче.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потребни се околу 20 до 30 печурки од овој вид за халуциногено искуство, но затоа, само три или четири се доволни да предизвикаат чувство на еуфорија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Постапи на ист начин како и во професорската канцеларија пред три или четири години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Седевме сосема сами.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Избричен е и потшишан и во внатрешниот џеп има авионска карта за Рио.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Одам сега - му вели на својот при. сликар; тебе ништо не ти е јасно, но еден ден ќе ти се разјасни само; морам да проживеам пред да се замонашам; ова не се многу пари, поготово ако трошиш многу; сѐ е тоа глупо, но вреди да се проба, нели; три или триесет години провод, што е тоа во однос на вечност - еден момент, нели? Чудни се патиштата...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По неа, надолу, уште три или четири степеници и со последниот чекор влегувам право во мракот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И не поминаа три или четири месеци, беше зима со многу снег и цикна, ете ти го Иљо наш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изложбата е настан на столетието. Изложбата ќе трае уште три или четири месеци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По три или четири месеци од молкот, откако чудењето го победи стравот, соседите ги повикале луѓето од власта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знаете ли вие господа, што изведе овој дедо?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој пред три или пред четири дена умре и можете да си замислите, цели четиристотини okno.mk 155 илјади помалку во државната каса оставил.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така ако тргниш во три или четири наутро, ќе го фатиш денот за на плажа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со господова помош ќе ви ги изделкаме камењата за неколку дни, три или четири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Чекај, го заборавил Пандила Онисифор Мечкојд. - Сакаш жив да го закопаш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кажи им. Се договоривме. - Ќе им кажам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник се свртел кон него со строгост на постар иако, како и другиот, не можел да има повеќе од триесет и три или четири години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она што таа не можеше да го претчувствува, тоа се пајаците, се најдовме три или четири пати и тие не касаа, беа неподвижни во бунарот, исчекувајќи, сè до денот кога дознав, како сето време да не знаев, но во вторник - да се стигне до кафулето, да се замислува дека Мари-Клод веќе е таму или пак да се види како влегува со својот еластичен чекор, да се види нејзината црномуреста фигура која, и не знаејќи, невино, веќе влегла во борба со пајаците одново разбудени, во борба со пречекорувањето на играта која единствено таа и успеа да ја сочува едноставно со тоа што ја испружи својата топла рака, едноставно со тој прамен што шеташе по нејзиното чело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Здружена си со другите, толку пати те знаев инаква и поради тоа те сакав, веќе три или четири пати ја правиш истата работа, што ми вреди ако од време на време ќе ѝ удоволиш на мојата желба ако на крајот испадне вака, треба да те гледам со патеци во очите, низ прстите ти тече сивата вода, ме гледаш без зборови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Немаше текст и претставуваше само една монструозно голема фигура на евразиски војник, три или четири метри висок, кој маршираше со безизразно монголско лице и со огромни чизми, со автоматска пушка вперена напред од висината на колкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако се наоѓаше три или четири метри далеку од него, можеше да види дека кафезот е поделен по должината во два оддела, и дека во секој од нив има по едно суштество. Тоа беа стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаа уште три или четири часа пред себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По три или четири минути, беше надвор од регионот во кој падна бомбата, и бедниот разлазен уличен живот се одвиваше како ништо да не се случило.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, за три или пет години, да речеме, HRE ќе бидат веќе тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нивната ќерка, Софија, беше моја врсничка, значи сè уште не одеше на училиште, а тета беше уште помалечка, три или четиригодишна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И кога ќе се врати, три или четирипати годишно, тоа воопшто не е тој, тоа е само едно мало пријатно сеќавање или сон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дед Павел нè прошета низ старото но и низ младото лозје, она што имаше тогаш три или четири години; ни покажа како напредува шумичката на западната страна на имањето, онаа што самиот ја беше засадил, а потоа поминавме и покрај бунарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беа три или четири камиони со војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека има дивјаци или луѓе кои се однесуваат како такви, би било тешко да се спори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еве како јас ги претставив вашите книги: Минаа три или четири години, од времето на емисијата, која сега за жалење ја нема, Panorama na France-Culture од 12.00 до 13.30 во која во кус осврт беше претставена една книга под наслов Времето на козите, напишана, се прецизираше, од амбасадорот на Рерублика Македонија во Париз од албанско потекло.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чувајте се ... спомнете си што сте направиле пред две, три или повеќе години, кому што сте му рекле, што сте му стокмиле или сте му токмеле...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некаде по Божиќ, едно утро, некои три или четири часа пред да осамне, додека се грееме крај огништето, внедоапица дома ни дојде дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)