триста (бр.) - година (имн.)

А оттогаш, кога за прв пат христијаните од Потковицата ги преселија гробиштата од Дупка на Рамник на Горник и малку понасевер од нив, над Извориште, одредија место за ѕидање црква, може изминаа повеќе од триста години.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И еден ден идат некакви Турци трговци од Битола во Лисиче и од осум куќи село, купуваат седумдесет волови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мариово, пред двесте триста години било етимско ничие; друга прикаска имаше: како тоа било хасчифлик лично на султанот, кој го подарил на својата султанија Мара — Кола Марија — и оваа ги ослободила мариовците од секакви даноци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Исто онака како пред триста години што ги затрупа седумдесет и двата рудара од Мрежичко кога им вадеа злато на тиквешките бегови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под една бука... Не под една бука – буката живее само триста години!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Дали вие пред триста години би можеле да си замислите со километри долг акцелератор за делење на невидливите атоми?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Триста години си останавте раја под сенката на моите претци и под мене.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Триста години си останавте раја со ваш јазик, вера и име... пред триесет години со моја дозвола, ама со грчки пари сред село изградивте црква и од тој ден се поделивте на патријаршисти и егзархисти и разделница отворивте меѓу вас и се развраживте со големата помош на тие, кои ви се правеа пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мојот чукун дедо тука дојде пред скоро триста години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А пак од друга страна, еден вид желки, живеат и до триста години, но затоа половата моќ им се развива многу подоцна отколку кај другите желки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)