триста (бр.) - грош (имн.)

Само едно Петре беше посреќен од Митрета, што патема за фронтот, преку Дуње и село Манастир, во Витолишча го најде татка си Петка со невестите и децата кај Илка Сукалов, кој го прибра „од гревот" да им помага на уште малите негови деца Толето и Нешка, оти сега сите Куковци, Дрманчевци, Ѓуровци, Пуцевци и други сиромаси исто така беа војници, та Сукала, Билјарот, Чолакот и другите чорбаџии не можеа да најдат момоци за триста гроша годишно и аргати за три гроша дневно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)