триста (бр.) - лошотија (имн.)

Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во тоа време децата од преку-преку-дедови ни биле многу лоши; не ги слушале таткови си и мајки си, а пак татковите и мајките ич не ги повелале, триста лошотии правеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Отишле луѓето царски и ја зеле девојката од сиромашката жена, та му ја донесле при царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од негоит лошотил'к беше се опојале полујната од рајата негоа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тоа време децата од преку; преку дедој ни биле многу лоши: не слушале таткој си и мајки си, а пак таткојте и мајките ич не 'и повелале; триста лошотии праеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само тој старец 'и учел децата и мајките и таткојте за да не праат така, оти големо зло ќе 'и најди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој цар бил најпоганиот на векот, триста лошотии правел на рајата своја: од што ќе му текнело, тоа ќе сторел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)