триста (бр.) - метро (имн.)

Но, не беше поминал ни двеста триста метра, мајмунчето, кое очигледно се качило врз дрвјата да го најде, пак се спушти врз него од едно дрво.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Другите залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот не се раздвои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селото Градешница се спростира на двесте триста метра по десниот брег на Урупската река, а на средето е разделена од еден висок мел, така што повеќе личи на две отколку на едно село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов, Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра растојание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Илија си зачури со цигарето и покрај мелот, по тесното патче, се приближи крајната куќа од долното маало.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На втор ден Водици, или уште како што ги викаа во сета Пелагонија Женски Водици (дека за разлика од првиот ден кога на посета кај роднините и светијоните оди машка челад сега одат жените и децата) во 1857 година, кога го закопуваат Ангела Јанчески, последниот старец од петтото колено броејќи наваму од населувањето на првите Турци во Потковицата, гробиштата на Рамник на Горник се прилично намножени и може, мерено од око, во должина и во ширина покриваат простор и до триста метра.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше повеќе од триста метра, а тој не паметуваше од колку одамна не му било потребно да нишани на една таква далечина, но сега, откако го реши тоа, не сакаше повеќе да размислува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)