тројца (бр.) - судија (имн.)

Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За отворањето и спроведувањето на постапката за ликвидација е надлежен судот според седиштето на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врховниот суд, по ова барање одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок судот може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот на судот чија постапка е предмет на поднесеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По приемот на барањето Врховниот суд на РМ веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од првостепениот суд да достави препис на списите од предметното досие, а по потреба и изјаснување од повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По предлогот за ликвидација, надлежниот суд определува ликвидационен совет, составен од тројца судии, за спроведување на постапката за ликвидација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)