четири (бр.) - дете (имн.)

Погледнете уште еднаш. Јас имам триесет и девет години и четири деца. Сега гледајте“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истовремено, се случија и многу други значајни работи. шетајќи низ улиците открив еден UFO, се сеќавам дека со мене тогаш беа само Давид и Паул, но подоцна Давид во едно свое писмо ми напиша дека таму било целото негово семејство - неговата жена Ruth и неговите четири деца, а покрај нив и Ackerman, Musicmaster, Tim Harvey, Yanagi, Rhoda Mappo, Cavel­ lini, Andy Warhol и уште цел еден куп луѓе - целиот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во следните петнаесетина години, во новата куќа им се изродија четири деца...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Остана таа млада, со четири деца на грб, ама машка рака требаше, за тешките работи, па набргу се премажи за Јована...без свадба, таков беше обичајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во следните седум години им се родија четири деца...меѓу кои беше мојот дедо Нисе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа се изми со бунарска вода и ги испари сите четири деца, три машки е едно женско, да го повикаат безрабтониот заштитник на двете сестри, побратиме Геле Накотник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Рена беше најстарата од четирите деца, сите ќерки веќе стасани на возраст за мажење, па се очекуваше токму таа прва да се мажи, од една страна за да им го отвори патот на другите, од другата да не ѝ помине редот и да остане немажена.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А таму, високо, цел свет - животни што првпат ги гледав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Учителот, висок, со очила, Коста го викаа, на стара машина за пишување по цели ноќи препишуваше од една стара книга македонски народни песни и на четири деца ни даваше по едно ливче.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас тогаш имав две години. Мајка ми имала четири деца и едно умрено девојче по име Маре, на девет години ослепено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако испродал сѐ за да купат земја и куќа во Сопот, живееле многу сиромашно, четири деца, татко ми, мајка ми и баба ми од татко ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Помајка ми роди уште едно братче, Томислав, и тогаш имаше свои четири деца.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше многу зафатена, фамилијата ни порасна, бевме четири деца од првата мајка, а сега уште две се родија, и девојчето Ѓура што го донесе од првиот маж, значи седум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден татко ми нè собра сите четири деца и нè праша: Деца, дали сакате да ви доведам друга мајка, еве баба ви е стара, не може да ве гледа а вие уште сте мали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеби подоцна маж пијаница, четири деца и живот со свекрва. Целулит брчки и завидливи кучки.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се родија четири деца, три момчиња и едно девојче, а според енергичноста како да беа навистина крилести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)