четириесетина (бр.) - година (имн.)

Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, генерацијата југословенски амбасадори која заминуваше во 80-те години на минатиот век на највисоките дипломатски мисии и на која припаѓав со своите четириесетина години, заминуваше кога сите идеали врз кои почиваше федерацијата, со исчезнувањето на нејзиниот творец Јосип Броз Тито, тивко се губеа, остануваше само по некоја трошка од тие идеали, која најмногу се откриваше во неврзаните земји, кои веруваа повеќе во Југославија во тие времиња отколку самите нејзини жители во неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас самата веќе четириесетина години не јадам месо од кој и да е вид, па лично не сум загрижена за своето здравје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Една вечер, кога се враќав дома, ме пресретна еден господин со цилиндар на глава, на возраст од околу четириесетина години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дали траумата од преселбата од пред четириесетина години сѐ уште е длабока или жива?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не велам дека јас го открив прва, зошто Прабхупада го кажал уште пред околу четириесетина години.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)