четиринаесет (бр.) - година (имн.)

Кога имала четиринаесет години,турската Османлиска Империја била добро легната врз Балканскиот Полуостров.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А таа и не беше само жена, само што се беше замомила, на четиринаесет години, па тие нежни женски раце, мораа да ја издржат сета таа тешка работа...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така Трајанка се омажи на свои четиринаесет години, во село Рајчани во услови толку лоши што полоши неможат да бидат. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа е веќе големка, има четиринаесет години, и мисли на дотерување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И затоа вечервава не му беше ништо тешко да ја отвори влезната врата, која уште беше на мандало притурната, бидејќи Митре не беше готов со јагнето, а сестра му Стана и другата слугинка не беа готови со другите манџи и алвата, што ја пржеше внук му Најдо, дете од тринаесет четиринаесет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога имал четиринаесет години, во времето на балканските војни, таа барала начини како да го испрати во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ана имаше четиринаесет години, одеше во бела облека и секогаш исплашено гледаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој уште рече дека по вечерата да се собереме во големата сала, но само тие кои се постари од четиринаесет години. Другите да одат на спиење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Команданти ни беа поголеми мрсулци од нас кои бевме стари од три до четиринаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сара тогаш имаше петнаесет, а јас четиринаесет години; таа не се ни обиде да се запише, а јас не успеав да го положам приемниот испит.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двете продолживме да цртаме заедно, при секоја наша средба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас пак, уште на четиринаесет години се насочив кон театарот и од тогаш глава не сум дигнал од даските живот што значат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Султанот најпрвин ги прекорувал и им ги зел имотите, шадрваните, коњите и жените, потоа објавил, доколку не му ја донесат главата на ајдутот, ќе ги испообеси на железни куки или ќе ги испофрла во јами со исправени дренови колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби ја тепаат за четиринаесет години или веќе е крст и бројка на гробиштата на Света Урсула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќавам дека застанав да ја погледнам реката што одѕвонуваше и биеше. (Ова јас го мислев).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со софтверот што го развива Futique, ќе го оспособиме детето од четиринаесет години, додека цело семејство седи и гледа вести, да ја употреби својата ракавица и - еве го одеднаш Џорџ Буш и - ох, влегува Мерилин Монро, и, гледај. му седнува на Џорџ Буш в скут и му вели: „Ајде, дојди, Џорџ, слушај...“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Устабашијата Сефедин, како и Суљо-ага пред четиринаесет години однесе писмото лично до султанот и пак доби еден ферман кој гласеше: До скопскиот бег и до кадијата во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата под четиринаесет години не можеа да бидат браници и да носат такви униформи со ками.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше задолжена за дваесет лруги деца од две до четиринаесет години.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги поврзуваше работите: зошто токму во провансалскиот Арл, недалеку од нејзиниот Фрежис, четиринаесет години по патувањето во Албанија, го напишав овој роман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беа минати точно четиринаесет години кога вие решивте еден ден да пишувате за вашето опасно и очајничко патување во Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа велеа, треба да ги дајме децата од две до четиринаесет години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред четиринаесет години од Охрид беше исфрлен грчкиот владика.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слушнав домаќинот ѝ велеше на ќерка му, таа беше на возраст од околу четиринаесет години: Сите, утре рано да станете, ќе ја викнам тетка ти да меси леб за партизаните а тебе ќе те разбудам водата да ја згрееш.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога умре мајка ми, брат ми имаше четиринаесет години, сестра ми Борка имаше девет години и најмалата сестра Љуба имаше само две години, па татко ми се грижеше за неа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)