шест (бр.) - час (имн.)

Акционистите беа следени со цели редици уметници што ги загрозуваа сопствените тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Марина Абрамовиќ во Ритам 2 (1973) едновремено зема таблети за шизофренија и депресија, а во Ритам 0 (1975) шест часа на публиката ѝ го изложува своето пасивно тело покрај низа од предмети меѓу кои се наполнет револвер, нож, боја и пердуви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше околу шест часот попладнето. Го кренав капакот и погледнав долу. Ништо не блесна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едно бонбонче го делевме сите тројца заедно, мајка ти, Пане и јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се разбуди кај шест часот. Во собата беше уште потемно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
До шест часот наутро ќе смислувам нови зборови, ќе земам залет со очите, ќе викам со гласот на тупаниците.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
ќе ви речам - затоа што во шест часот можам да стигнам дома на вечера”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исто така, целото дејство го снимив и од далечина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше поминало шест часот... Таа гледаше во водата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Времетраење на дејството: од три до шест часа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Времетраење на дејството: до шест часови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Времетраење на дејството: До шест часа, во зависност од начинот на земање и од .јачината на производот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
БАРБИТУРАТИ (BARBITURATES) Форма: таблети, пилули, еликсир, инјекции. Времетраење на дејството: од три до шест часа. Законски статус: се издаваат само на рецепта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден... два... три... четири... пет... шест... Шест часот! Аре, полноќ стана и уште ги нема!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шест часот е. Чуден и студен летен ден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Положбата на сонцето покажуваше дека е пладне и дека сум одел без застанување блису шест часови, затоа и не беше чудно што чевлите на потечените нозе ми се распаѓаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кој долг?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеше да помине шест часови во скривалиштето и уште девет часови во сопствениот кревет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вечерата траеше шест часа, беше иста за сите гости, тематска, со свежи продукти од околината.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Работевме и во празници и во саботи до шест часот навечер.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На враќање за Македонија имавме лет преку Њујорк, каде што требаше да чекаме околу шест часа до следниот лет.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Воопшто не ни беше напорно што вечерата траеше цели шест часа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Помина телалот рано-рано и објави дека денеска во шест часот по турски, на пладнина, ќе бидат погубени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Еден поп и еден мирјанин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ах! кутриот човек!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше тргнат да оди во полиција!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е страшно! Уште од шест часот не е веќе жива!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едо Бранов од Брезница Писателот Едо Бранов во Брезница, како што планираше, пристигна некаде пред шест часот попладне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Малата Колин изгубена меѓу бројните фељтони за Битлсите, со мноштво нови, непознати детали, меѓу изјавите на бившите, дотогашни, идни претседатели на САД за „неочекуваната и голема загуба“, изгубена меѓу урамените фотографии, амблеми, привезоци, постери, маички со Џоновиот лик, меѓу „give peace a chance“ меѓу пет луксузни стана се вкупно 25 соби во хотелот „Дакота“, меѓу неваботениот дојденец од Хавана, кој шест часа пред да го убие својот идол, ја добива од него последната лонг-плејка со автограм.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во шест часот мајка му донесе супа. Не ја ни допре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во шест часот веќе се возеше на работа, а кога стаса го паркира автомобилот во големиот двор каде сите други исто така ги паркираа своите автомобили штом ќе изгрееше сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Маријанти им се восхитуваше на албанските морнари кои точно во шест часот наутро излегуваа на рамнинката и десетина минути вежбаа со пушките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Станување во шест часот наутро, во седум појадок, во еден ручек и во седум вечера.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го одвел автомобилот до касарната но таму веќе немало никаков Штаб; Штабот веќе бил повлечен негде надвор од градот, а стражарот пред касарната му рекол дека и тој чека наредба да се повлече, цели шест часа веќе ја чекал смената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се прегрнаа со дедо : „Ќе се видиме дури вечер. Денес имам шест часа...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главата да ти пукне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веќе ме зафати уморот од повеќето бурни ноќи, топлото летно сонце и шесте часа што ги поминував работно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)