ангажира (гл.) - во (предл.)

Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според него, британските воени мисии во Грција би требало пред сѐ да бидат ангажирани во реализирањето на воените цели и да не дозволат „некои т.н. политички процеси да ни застанат на патот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Инаку, Шлатас беше атеист и социјалист по убедување, но ангажиран во националната влада исто како и комунистката Спирка, која мора да се признае дека имаше поголеми мадиња од цела новинарска фела заедно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Понекогаш разговараа, исто така, да се ангажираат во активен отпор против Партијата, но немаа претстава како да го направат првиот чекор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многумина ангажирани во оваа акција излегуваа од својата зачауреност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко, ангажиран во процесот, ништо не му препушти на случајот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој чувствуваше дека можеше да ја зајакне материјалната состојба на семејството да не беше толку многу ангажиран во проектот со Татко којшто не ветуваше никакви дополнителни приходи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таков беше во животот, кога ќе преземеше некоја акција, првин добро ја обмислуваше, потоа дејствуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како и Мајка, така и госпоѓа Камилска, не му префрлуваше на својот сопруг, но за неа најбитно беше да го гледа крај себе и децата жив и здрав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можев да верувам како некој толку многу може да се ангажира во нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со одговарањето на прашањата од нивото на акција и од нивото на свесност, индивидуите се ангажираат во пре-живувањето на искуството и нивните животи се “пре-раскажани”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со тоа што индивидуите ја преземаат задачата за разрешување на таквите мистерии, тие директно се ангажираат во раскажувањето на нарации и во создавањето-значење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како и текстовите во однос на вистинскиот живот, приказните коишто ги живеат индивидуите се полни со празнини и недоследности кои постојано се натрупуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што ви открива ова за вашите мотиви, или за целите кои ги имате во животот?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие нарации се загатки коишто може да ги реши само индивидуата, на иницијатива на терапевтот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од 1964 до 1976 година Христов бил максимално ангажиран во повеќе активности на државата Вермонт: бил претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, претседател на Заедничкиот комитет за високо образовни студии, претседател на заедничкиот комитет за проучување на проблемот со дрогата, и комисионер во Комисијата за образование на САД, како и претседател на Советот на Државната библиотека.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе кон крајот на VI век Словените ја преминале р. Дунав, а Византија, ангажирана во војната на исток со Персија, не можела да се спротивстави на словенско-аварските напади.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие особини на Мечето, покрај Комитетот во Велес, ги забележал и Гоце Делчев, кој лично го ангажирал во некои задачи на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пред да станам амбасадор на новата Република Македонија, на 19 февруари 1993 година бев ангажиран во дипломатска мисија во земјите на Магреб.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некогашните деведесет проценти на земјата што ја претставував ги бев загубил засекогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)