бакнува (гл.) - во (предл.)

Стоев пред вратата, кога се свртев да се поздравам го видов како ја гушка и бакнува во уста.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еден моден креатор, девојка што ја познавам, ме бакнува во знак на поздрав.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакам да ви раскажам сѐ за секого што сум сакал во животот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас на работа со моите муштерики се бакнувам во образ по трипати, дека одамна не сме се виделе... еее, од последната плата кога дошле, а не купиле, а не се ни пишале, ама сме блиски од што сто години се облекуваат кај мене, па сме се ородиле преку фустанчињата и „сукњичињата“ што уште ги носат, а не сакаат да мрднат (ова повеќе како суптилна реклама)!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас ја гледам и, додека ја сечеме заедно, божем случајно ја допирам нежно за рамената и ја бакнувам во вратот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ај, со здравје. Да не те вртиме оти Панде ќе се кара. (Го бакнува во челото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си нарача тој пица и ме бакнува во уста среќно, таму пред сета јавност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Интересно е што дедо ми и баба ми не се ни бакнуваат во јавност, поради застарените комунистички сваќања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ВАСИЛКА: Да ми се ќердосате... (ги бакнува во челата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Ти реков: „за љубов твоја се што ќе речеш (ја прегрнува и ја бакнува в уста) До гледање!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: (ја зема главата на Антица на градите свои и ја бакнува во челото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
До година сите заедно, под ѕвездиве, во една сука”.  Го бакнува в образ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)