бара (гл.) - јас (зам.)

„Васј“, вели тој, „мојот Бог го оставив дома. Или тој ме напушти. Не знам. Што барам јас в црква?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која друга смисла во животот ќе ја барам јас сега на овие мои години.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секогаш кога ќе запееше преку радиото дотичниот пејач, татко застануваше на среде собата, бараше јас да сум покрај него застанат простум. Слушавме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)