бев (гл.) - вгнезди (гл.)

Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак, ги почитував.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ме обзема некое недефинирано чувство, ама повторно се натерав да не мислам на најлошото, иако ѓаволот веќе ми беше вгнезден.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)