бев (гл.) - викне (гл.)

Откако е затворен овде, ниеднаш не беше викнат за што и да било кај управителот на затворот. Заборавен, да.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За времетраењето на целиот судски спор Мушаланов одржуваше контакти со наведеното овластено лице, при што во еден сосема друг спор на истата Агенција против друга компанија – за ненаплатено побарување – тој (Машаланов) беше викнат дури и како сведок во корист на матичната Агенција, за период кога тој беше работно ангажиран.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По недобивање одговор на овој поднесок, во мај 2008, поднесена е тужба до надлежниот Битолски основен суд – по основ на надоместок за извршена работа во износ од 19.900 МКД (325 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мајсторот Артемие беше викнат дури од Бер, ама не се покажа до крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Токму по негова препорака, тие изготвуваат писмена Опомена пред тужба и ја праќаат по пошта до подоцна тужениот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)