бев (гл.) - внесе (гл.)

Од сета душа и од длабочините на срцето излегуваше таа нејзина и љубов и дарба во која беше внесено сѐ што со себе со векови носеа старите и го пренесуваа на новите колена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко, кој беше внесен со години во пишувањето на Историјата Историјата на Балканот низ падовите на империите и посебно внимание му посвети на периодот на османското владеење на Балканот, авторитетно се надоврза на заедничкиот став.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Толку беше внесен во филмот што по секоја цена сакаше да се оствари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој целосно беше внесен во својата дејност, иако сензорните рефлектори и камерите извонредно функционираа во надгледувањето на објектот, како што тоа го правеа на свој начин и луѓето од обезбедувањето на трите стражарски места.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Шефот целиот беше внесен во играта и се радуваше на успесите што се редеа на теренот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Што е душата? – го прашав еднаш Татко, ненадејно, додека беше внесен во читањето, крај Мајка над вечното плетало.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко беше внесен како и секогаш во читањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко беше внесен над една книга и не рече во мигот ништо, а пак Мајка, внесена во плеталото, побудна од својот сопруг благо рече: - Сине, Бог е во нас! Мајка потем замолкна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На картите со молив, одвај видливо, беа внесени правците на патувањата, бројки што означуваа растојанија и други што означуваа дати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Амбасадорите на Турција беа внесени во сите тајни на дипломатијата, од политичките до финансиските и конзуларните. Голема школа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бен Али, како ретко кој министер уште во тие години, беше внесен во програмските тајни на компјутерите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еразмо, физички, многу ситен во споредба со водопадот, беше внесен во убавината на глетката.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Екна револуционерна песна, во која беа внесени и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше внесен врз страниците на една книга. Се разбира, книгата беше за јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Рибарот Кољо беше внесен во подготвувањето на уловените јагули, што за сушење, што за димење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стариот Кољо имаше убав слух, беше внесен во хармонијата, што често идеше од спротива, од татковата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Игоровата мисла ја плодеше и научната имагинација на неговиот верен ученик Цветан Горски, кој беше внесен како никогаш во иднината на езерската јагула.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку и да беше внесен во своите реални и метафизички замисли да го следи патот на јагулите, тој остануваше немоќен да им го покаже на Гури Порадеци и на неговите синови вистинскиот пат, патот преку границата, преку другите граници сè до Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Толку беа внесени еден во друг, (или мракот го создаваше тој привид), па на Анастасија ѝ се причинуваше дека настојуваат да ја испијат еден од друг сета слобода за која веруваат дека им припаѓа, дека ја поседуваат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во него веќе имаше отпечатен образец за договор за работа, во кој беше внесена и обврската за чување тајни. Решив да го потпишам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во почетокот, ретко разговаравме меѓу себе, можеби затоа што се бевме заколнале дека ќе ја чуваме тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше само една мала измена во собата. Мајка беше внела мал телевизор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш не ја заборавив репликата на Татко и на Мајка за душата, предизвикана од мојата љубопитност. – Што е душата? – го прашав еднаш Татко, ненадејно, додека беше внесен во читањето, крај Мајка на чардакот, наведната над плеталото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)