бев (гл.) - добие (гл.)

Тој му ги потврди информациите што ги беше добил утрото од директорот на Институтот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како да беше добиен како казна, а не за заслуги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Пораките што ги беше добил се однесуваа на написи или на вести кои, од една или друга причина, се сметаше за потребно да бидат изменети или, како што гласеше официјалниот израз, да бидат исправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Чувствував поголема обврска да продолжам да ја пишувам сагата, отколку да пишувам само за издавање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие денови Едгар Морен од претседателот на Франција Франсоа Митеран, го беше добил највисокиот степен на орденот Легија на честа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Помислив дека Борис Стојчев сè она што го беше добил со раѓањето, сè се чинеше пресметано па дури и она што го беше избрал за да се дотерува и да го носи, иако оставаше впечаток на неспастреност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш можеше да се забележи дека прекаров не го беше добил поради жолтата кошула туку поради жолтата коса, придржувана од сина панделка над челото).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
X И така најпосле можеше да започне да се остварува мојот дипломатски итинерер во Тунис, откако беше добиен благословот од живото божество во Картагина- Хабиб Бургиба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Еднаш доктор Гете беше добил идеја да направиме голем карневал во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Карневалот требаше да нѐ развесели, но и да донесе пари за болницата од посетителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја беше добила премијата. Беше пресреќна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)