бев (гл.) - дозволи (гл.)

А кога влегов во собата наеднаш открив дека до овој момент не го бев забележал најголемиот недостаток што си го бевме дозволиле: покрај главата и големиот сон на упокоената отсуствувале цвеќиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега кога веќе беа положени околу челото и лицето на Таша многу нешта се чинеа поинакви.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Убаво си ја чувствував снагата што се беше расположила на столот, а на погледот му бев дозволил да тргне по линијата на пукнатинката што неочекувано ја открив на моето биро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бевме охрабрувани од повеќе страни - Kerouac и Beat писателите, дикцијата на Saul Bellow во The Adventures of Augie March, појавата на говор сличен на оној на Herbert Gold и Philip Roth - и видовме, најпосле, како на две многу различни варијанти на Англискиот јазик им беше дозволено да коегзистираат во книжевноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имав чувство дека сите овие луѓе што ручаа кај масата ни ја одземаат некако, по некаков скриен подмолен начин, а јас сум беспомошна тоа да го спречам, бидејќи татко ми, мојот татко им го беше дозволил тоа, тој им ја отвори вратата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)