бев (гл.) - жртвува (гл.)

Не можеше да се сети што се случи, но знаеше во сонот дека на некој начин животите на мајка му и на сестра му беа жртвувани за неговиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Новите јаничарски ешалони беа жртвувани во името на расата, во името на нацијата, во името на идеологијата, во името на партијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе не ми се јавуваше ниту Декостер. За него козјиот одред беше жртвуван за високите европски хуманитарни цели во изгладнетиот Балкан!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тоа најмногу го плашеше во однос на судбината на козите и на Чанга. Тие беа жртвувани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)