бев (гл.) - заврши (гл.)

Тој го беше завршил средното ветеринарно училиште и веќе работеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Крвта е темна“, рече професорот, којшто речиси беше завршил, „проверете го пулсот“.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сѐ што чекаше, беше завршено, и сѐ што ќе дојде отсега па натаму ќе биде како некое дополнително постоење, одделено од првото со овој миг на леснотија, на празнотија, на зачудување и на олеснување - единствен миг, без сомнение, што треба да се поздрави патем и во чија што чест запазив едноминутно молчење. (202) Овој дневник е суптилна матрица на мрзливост. (202)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред тоа тој веќе го беше завршил својот метален кафез, Why not sneeze Rrose Selavy.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога се врати во салата гласањето беше завршено.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имаше многу деца што си доаѓаа од училиште бидејќи беше завршил и шестиот час.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Венчалната церемонија беше завршила и високите врати на катедралата се отворија да ги пропуштат зетот и невестата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како сѐ да беше завршено и како бунарот на неговата предвидливост да беше секнал засекогаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кој знае до каде ќе одеше разговорот за јунаштината и партизаните ако не излезеа и постарите кои веќе беа завршиле со појадокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така тргнаа. Беа завршиле до второто одделение и за потаму немаа учител, значи можеа да заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Адаптирањето мислам дека веќе беше завршено, стравот дека не ќе можам да се носам со градските деца како никогаш и да го немало во мене, особено кога дознав дека еден добар дел во класот се исто така дојдени од други места, од внатрешноста на земјата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа имаше само шеснаесет години кога дозна во еден манастир, Нотр-Дам де Сион, близу до Истанбул, каде што учи француски, музика, виолина и пијано дека нејзиното семејство ја свршило за еден млад човек од албанската аристократија кој тукушто ги беше завршил студиите по политички науки во Истанбул.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)