бев (гл.) - избере (гл.)

И навистина, оваа моја сметка не ме изневери; јас го бев избрал правилниот пат да дојдам до чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од тој период започнува да се воспоставува и изградува за прв пат современата македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога еден сатиричен весник на Универзитетот на Мичиген сакаше да ја исмее паниката што го фатила некој поранешен дипломец зашто за претседател на студентската организација беше избран човек што е отворено геј, весникот напиша дека новиот претседател „конечно успеал во својот поход да ја попедерчи целата студентарија на Мичиген...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Помислив дека Борис Стојчев сè она што го беше добил со раѓањето, сè се чинеше пресметано па дури и она што го беше избрал за да се дотерува и да го носи, иако оставаше впечаток на неспастреност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таму каде што може да се избере – ја беше избрал германската култура: тој сакаше нејзе да ѝ припаѓа, онака како што чувствуваше дека плодовите на таа култура му припаѓаат нему.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред крајот на животот рече: „Мој јазик е германскиот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никогаш не го прашав колку е остварливо сето тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сфатиле будалите, дека не бевме херои, туку го бевме избрале поугодното место, од каде не се гледаше, или беше затскриено за нашите погледи, местото на нашите идни могили“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Онаа непрекината поврзаност на неговиот поглед со погледите на луѓето од Новодеревјановское, или уште подалеку, и тоа преку ѕвездата што ја беше избрал за своето дружење со нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)