бев (гл.) - изгасне (гл.)

Огнот беше изгаснат, зашто синоќа не најде време, а и ниту помисли да го запрета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот беше изгаснат. Пепелта во огништето студена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа влезе во собата. Макар што сончевите зраци шетаа по татковите книги, ламбата не беше изгасната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Огнот можеби веќе беше изгаснат, но сега веќе и не му беше важно да гори постојано.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светлото беше изгаснато, само малку светлина допираше од ходникот на возот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Цигарата му беше изгаснала и тој внимателно ја стави на работ од масата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)