бев (гл.) - изговори (гл.)

Вечерта, носејќи платикус12 во рацете, Јехуда Давидовиќ затропа на вратата од домот на Алегра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се потврди тоа кога логотетот му заповеда на Филозофот да го прочита своето толкување, и кога овој, од збор до збор го преподаде словото како да беше изговорено од устата на Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)