бев (гл.) - изгради (гл.)

Фрлањето на лопатата беше непромислена постапка, зашто во оваа снежна пустина дрвената лопата му беше добар сојузник, па се стрча и забавта преку дебелиот снежен ѕид, што го беше изградил, расчистувајќи го патчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поучен од лошото искуство на некои одамна настрадани колибари, кога волците се беа вовлекле преку сламениот покрив во трлата и им ги беа искасапиле стадата, дедо Димо ја беше изградил плевната на таков начин, што добитокот во неа да биде на најсигурен начин заштитен од волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Си беше изградил своја стратегија која сакаше да ја сподели со Мајка, тоа не можеше да го стори директно, туку првин подготвуваше терен, пред да ја донесе конечната одлука. – Ние, мила моја, премногу се плашиме од границава!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но зашто и тие, и војниците сместени најгоре на Чауле не можеа да се одбранат од ајдутите, во 1873-та, кога беа изградени општината и училиштето, се симнаа во Потковицата и горниот кат од општината, речиси целата општина, ја претворија во ујќумат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стоеше пред вратите на Вавилон, пред кулата на љубовта, онаа која Набуходоносор ја беше изградил на својата сакана Самирамида.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)