бев (гл.) - издаде (гл.)

Го убија псетата, ама некој наветник од турците од село Турско Рудари го беше издал дека тука се крие!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои патници се расправаа заради дуплираните карти кои ги беше издал шалтерскиот работник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, кога таа одговорност подоцна се доведе во прашање, истиот тој се обиде да ја одрече и да ја префрли вината на работниците, а дополнително дури и доведе лажни сведоци пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4 Во меѓувреме, случајот, по неколку дена од укажаната прва помош, од страна на Ургентниот центар беше пријавен во полиција – МВР ПС Центар (за што беше изготвена службена белешка, а подоцна, по барање на Јакшиќ, беше издадена и потврда за настанот потпишана од командирот – виш инспектор Б. Павловски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на првите гимназии во градовите: Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Струмица, Тетово и Охрид., а на 23 ноември истата година е формирана националната централна библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 3 ноември 1944 година, кога Македонија сеуште не беше ослободена, во с. Горно Врановци-Велешко за прв пат беше издаден весникот „Нова Македонија“.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Изгледа во овој случај некомпетентно се бев впуштил во натпревар со времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А одговорните за изградбата, бидејќи немале храброст лично да реагираат и да ми укажат на тешкотиите со кои се соочени, го пуштија сонот да ме извести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, преку денот, кога ќе наидеа на некое побистро вирче, ќе ги проплакнеа спотнатите лица и ќе ги подржеа набабнатите жили на рацете во студената вода; но се плашеа да се напијат од неа, освен да си ги проплакнат сувите усти; не толку заради забраната што ја беше издал штабот како превентива од можни зарази, колку од пусти страв од проста дрскавица што можеше да ги врати со несвршена задача за да се скријат во шаторот посрани и посрамотени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
В зори беше издадена наредба да се прекине со трагањето во скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)