бев (гл.) - именува (гл.)

Беше и претседател на комисијата за откуп на лични архиви а, на крајот, беше именуван и за шеф на отсекот за ориенталистика.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пролетта 1994 г., речиси истовремено јас бев именуван за прв амбасадор на Рерублика Македонија во Франција, а тој за прв амбасадор на Рерублика Франција во Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас со него се запознав во Париз кога тој по падот на комунизмот беше именуван како амбасадор на Албанија при УНЕСКО.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во времето кога Татко се внесе во толкувањето и во средувањето на сиџилите во Институтот, иако с уште работеше во Судот, еден ден му стигна решението, лично потпишано од Водачот, со кое беше именуван за архивист во Државниот архив на Републиката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Впрочем, затоа беше именуван Јагулче Дримски за директор.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако се смири разбрануваниот период од нашите животи - тој беше именуван за судија, а Мајка само Бог ја спаси од камионот што удри во липите - Татко оцени дека е дојдено времето за редовниот месечен покер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Сонував дека по една тешка војна сум се расположил токму на оној чардак над каминот; изгледа бев именуван за некаков војсководач или болјарин, а турските паши доаѓаа, ми се поклонуваа и ме трупаа со скапоцени подароци“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)