бев (гл.) - испише (гл.)

ДОЛУ ГОЛЕМИОТ БРАТ беше испишано преку целата страница, со букви доволно големи за да можат да се распознаат преку собата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извади од џебот четврт долар. И на него, исто така, со мали јасни букви беа испишани истите слогани, а на другата страна од монетата главата на Големиот Брат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм беше извадил една лента хартија на која беше испишана долга колона зборови и сега ги проучуваше со хемиско пенкало во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше никакво сомневање дека се тие: и нивните имиња беа испишани под фотографијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во L. H. O. O. Q., 1919., Duchamp на репродукцијата на Леонардовата Мона Лиза со молив ѝ додаде мустаќиња и брадичка.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- На лицето на Вера сега беше испишан очај, што се наѕираше и во полутемнината на ноќната ламба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во нив на најтопол начин беа испишани изрази на сочувство, како и покани заедно со моето сестриче да станеме членови на нивните семејства.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Текстот беше испишан со многу поситен ракопис, отколку што беше текстот на жизнеписанието, но и овој ракопис, очигледно, беше на учителот Димитрија Боте.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Листот беше испишан со ракописно писмо и со не многу литературен јазик, главно некој измешан костурско-леринско-битолски јазик со по некоја грчка буква онде-овде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стоеше над мене, со книга и калем в рака, и на книгата, со наши букви беше испишана тајната запишана на Папокот од светот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатре, на една мала маса за препишување стоеше стара книга, на која беше испишано она што пречесен отец Мида го беше сочинил, како умножение на тајниот запис од страшната одаја на пророштвата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човекот во сина облека застана токму под таблата на која беше испишан бројот тринаесет.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Имаше точно 1348 страници на кои беа испишани веројатно милиони зборови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Црвените букви со кои беше испишан ѕидот се престорија во пеперутки, големи, чудесни, нови пеперутки, од Антарктик долетани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нашиот брод, „Мичурин“, така беше испишано со кирилично писмо, се помрдна, одби од брегот, заплови во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Човекот во сина облека застана токму под таблата на која беше испишан бројот тринаесет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А потоа, по малку белина, со сосема поинаков ракопис, стоеја развлечени букви; сигурно биле запишани кога почувствувала како полека тоне во нешто што наликува на сон: „Биди цврста, како и секогаш“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ракописот беше спокоен, како со него да беше испишана едноставна порака, известување дека излегла од дома, и наскоро ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)