бев (гл.) - испрати (гл.)

Така на Имотот останаа да живеат, пак под закрила на Началството и под закрила на луѓето што работеа на Имотот, двете најмалечките, Неделко и Тоде, зашто постарото од нив, Петар Младенов Акиноски, беше испратено во Бугарија, во Софија, за да се изучи во тамошното воено училиште за офицер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Телеграми беа испратени до великиот везир за таа работа и двајца претставници беа испратени во Цариград за да ја молат императорската влада да му забрани на владиката да се меша во работите на општината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кон крајот на август ги собраа и девојките. Скоро сите беа испратени на Пинд.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски го зазеде своето место на чардакот спроти Татко, опколен од книги седна како некогаш крај својата катедра по педагогија која поради неговите идеи му беше одземена, па беше испратен во злогласниот затвор на Голи Оток во Јадранското Море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека се движеа низ претсобјето, со аплауз беа испратени од персоналот на болницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо на своето последно патување беше испратен како што е редот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Благодарение на познанствата од годините додека бев во “Време“, веќе по три дена ми беше испратен компресор, една силна машина, бучна, и црна катран, како локомотива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подадов рака за уште еднаш, сега во ова ноќно доба, да ја видам увеличената фотографија што беше внатре и која ми ја беше испратила жена ми Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во поплавата од баналности, таа го виде чамецот што им беше испратен за да ги спаси од нив самите, онакви какви што беа – огорчени, загорчени, отапени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едо служеше војска во Пеќ, во Косово и, по завршувањето на шестомесечната обука, беше испратен во истурената единица на Југословенската армија во селото Исток, исто така во Косово.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спорот на Авдиќ настанува како резултат превирањата во претпријатието и добивањето отказно решение поради наводна дисциплинска повреда, 3 од летото 1999 година – кое, всушност, нему никогаш и не му беше врачено, иако заменикот на генералниот директор (З. Андов), тврдел дека, уште во јули истата година, на Авдиќ му било испратено препорачано писмо за тој да се јави на разговор во управната зграда на друштвото во Велес на која средба тој не дошол, поради што против него била поведена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Елена повторно беше испратена службено во градот, каде што се наоѓаше болницата во која се лекуваше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа фалбено прашање не се осмелуваше да го постави пред надлежните, иако, помислуваше, не би било лошо тоа и да го стори откако целата операција ќе биде сосем завршена.  Затворениците на монополот тука останаа десет дена, во кои Константин З. не почиваше на ловориките од комплиментите за успешно завршената акција, туку се грижеше во тој дух да се приведе кон крајот деликатниот зафат за кој всушност и беше испратен тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пораката од Џон не беше испратена до мене, туку до директорот за додипломски студии, кој имаше објавено соопштение за јавноста во кое го брани предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Личеше на недобројните други пораки што разни припадници на христијанската десница ги беа испратиле до разни служби на Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој не беше се сетил дека поканата за патување во Албанија ни беше испратена да ја реализираме во пролетта на 1979 г., кога во оваа земја на големи тапани се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заповед. Ти кој си кадија, ни пиша во писмото, дека Димитрија Стале од село Сатока, поп Димитрија, Мате Никола од село Пешино, Стојан Пејо и поп Јаков од Старавина биле разбојници и по нивно наговорување населението во прилепската нахија се кренало и бидејќи тие не се потчинале на законот бевме испратиле свето решение за нивното фаќање, но тие избегале.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ете и јас како буљукбашија на еден наш табур бев испратен таму по оваа работа, но и мене ме насамарија и половина другари ми ги издавија во реката Црна со една гадна подмама.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А за тие 360 жени во извештајот доставен до највисокото политичко и воено раководство беше испратен извештај во кој е запишано: “Утврдено е дека при исполнувањето на најблагородната задача – преносот на ранетите, тие покажале нежност, преданост, самопожртвуваност и решителност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На влезовите од зградите беа поставувани списоци на новозагинатите на бојните полиња, по улиците среќававме воени инвалиди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Младите мажи беа мобилизирани – синот на сестра ми Роза беше испратен на фронтот во септември таа година, а неколку месеци потоа и синовите на Зигмунд: Мартин војуваше во Русија, Ернст во Италија, а Оливер беше дел од воената инженерија, и градеше тунели и касарни на Карпатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев испратен кај вас за да ми помогнете во разрешуваењето на проблемот, за чие што решение, колку што можев да сфатам, вие располагате со нужните упатства“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но кој би можел и да претпостави дека со ова не е кажано сè за Акакиј Акакиевич, дека му е судено бурно да проживее неколку дена по својата смрт, небаре како награда за од никого незабележаниот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку денови по неговата смрт од департаментот беше испратен во неговиот стан портирот, со наредба веднаш да се јави на работа: го барал началникот; но портирот морал да се врати со празни раце, реферирајќи дека повеќе не може да дојде, и на прашањето: „зошто?“ се изразил со зборовите: „Па онака, тој умрел, закопан е пред четири дена“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)