бев (гл.) - каже (гл.)

Освен известието на Челебијата никој друг не се јави со тужба против Толета, бидејќи и Аќиф како и Толе не беше кажал ни од каде е, ни што има, та никој не дојде да го побара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука е потребно да го повториме она што беше кажано порано, имено дека станувајќи постојана, војната го промени својот карактер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изрази жалење, на пример, за некои „непристојни нешта“ што ги беше кажал за некои негови колеги философи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Ќе ја признаам вината што бев суров“ во минатото, рече тој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За оваа епизода од животот, Рада не му беше кажала ниту збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама стрико Симо веќе знаеше: дедо попот и Петре Даскалот му беа кажале.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш, во ниедна прилика, во ниеден разговор Земанек не ми беше кажал дека му се допаѓа Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Божем самиот ги беше кажал оние зборови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шефот на безбедноста, кому Хелвиг веќе му беше кажал за нејзината болест, ѝ објасни на Марија дека не може да го земе детето со себе без согласност на нејзиниот сопруг, кому судски му е доделено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ноќта што поминуваше всушност му беше потчинета на недореченото, а она што беше кажано имаше повеќе лица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Филтерот на цигарата отсјајуваше од маста налепена врз него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино ѝ беше кажал, барем така ми рече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Ќе ти направам.“ „Кога?“ „Кога сакаш.“ „Може сега?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти еднаш ми вети дека ќе ми направиш кукла,“ рече, и тоа потсетување на моето ветување беше најблиско до барање од сѐ што беше кажал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им беше кажал некој, или самите научиле, оти мртвите не дишат".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На пајтонџијата му ја бев кажал адресата однапред, така што не стана нужда да ја повторувам пред Младичот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во Татковите зборови беше кажано сѐ! – Но вака повеќе не оди со децата, мора да најдеме чаре!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, во мигот, ништо не рече, но во погледот што ми го упати беше кажано сѐ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ја кажуваше, всушност, најголемата вистина која беше кажана за книгата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)