бев (гл.) - крене (гл.)

Дотогаш, не нѐ беше кренал повисоко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Санџак-бегот беше нарогушен, го беше кренал бастунот - но зошто? помисли матно ибн Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јаката на палтото му беше крената, челото покриено со тешка, влажна коса.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За да каже дека: кога ги силуваа руските жени, тие паганите ги гледаа во очи и не испуштаа глас, а кога им ги стрелаа синовите ги гризеа усните, а главите им беа кренати високо... и пак се тресеше земјата кога тие газеа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Или сите овие претпоставки беа обични самозалажувања бидејќи изгледа токму Даскалов отстојуваше овде, а јас бев оној отскитаниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност зборовите што втасаа од некаде ми открија дека тој сепак се наоѓа во собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели тој често ми има зборувано за тие небесни чекори што толку убаво го познаваат јазикот на оддалечувањето?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го бев кренал погледот но бев сигурен дека Даскалов има отшетано до некој од прозорците на чардакот и го следи животот на некои од горните патишта: можеби внимава на патот на некоја птица; или облак; а можеби и на некоја одвај видлива патека по која далечниот спомен одвај се влечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бргу ја префрлија неколку куќи погоре, ја спуштија над сламарниците што не им беа кренати на одари и ја поклопија со разни козинави веленца и кожи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Работите што му ги раскажав, а на чии што темели доктор Настев ја беше кренал веселата зграда на мојата здравствена разнишаност, беше всушност една богата збирка необични соништа и виденија за кои и не бев многу сигурен колку се само мои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дамна беше кренат балканскиот ѕид-граница низ кој мина Мајка, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)