бев (гл.) - мажи (гл.)

Доста Макрева и Бојана одамна беа мажени, та беа веќе и послободни, затоа и се замешаа на Митра во разговорот: — Ами как да не, престарена!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А со нив, со Дамческите и Акиноските, кои беа и ородени, Калина Дамческа беше мажена за Петара Акиноски, никој жив од Потковица, а и од сите околни места, не сакаше да се зафаќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мојата сестра Ева веќе беше мажена и имаше свое семејство. Се омажи за еден колега од работа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се зарадува и Цара која сѐ уште не беше мажена надевајќи се потајно дека Наќо сепак ќе оздрави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прво седнуваше стариот Јосиф, до него од десно синот и зетот, одлево пак старата Јана, снаата и Тодора, а и сестри ѝ, додека овие не беа мажени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Внуката од нејзиниот прв маж беше мажена за братучедот од Барбашин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но ќерките на Профима, Андромеда и Венера, кои уште не беа мажени, почнаа да му пречат и да не го оставаат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, чинам уште еднаш кога Севда веќе беше мажена за Стасе.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И кога се предадоа во Пешта, аџијата се распраша за имињата и разбра дека Трајко Сирмев и е татко на Анѓа, а свекор на другата фатена жена – Сирма, што беше мажена за Јована Сирмев.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)