бев (гл.) - навали (гл.)

Ја беше навалила главата на завесите, а во ноздрите го чувствуваше мирисот од правлив крепон. Беше уморна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На таа полјанка, порано, заедно си играа децата од улицата – Девиневци, Вотеровци, Дановци, малиот Кеог Куциот, таа со своите браќа и сестри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата му беше навалена на една страна, гушката му се туткаше во безброј набори, а долната рилка, збувната и запечена, му се бесеше уште потешка, дека беше зинат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Изминаа веќе три часа откако Ева се обидуваше да го скине сочното јаболко, кое речиси доземи ја беше навалило гранката на старата јаболкница, а сите мислеа дека таа никогаш повеќе нема да раѓа плодови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сите изнастанаа. Почнаа да трептат со очите, да се трезнат, да се разбудуваат од дремката што им ги беше навалила очите од претераното пиење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)