бев (гл.) - навикне (гл.)

Беа навикнати на постојано движење. Сега закопани в земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одамна беше навикнат да спие со силна светлина во лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, тој не беше навикнат да пишува на рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Саво, кој беше навикнал секојдневно да ги дочекува пријателките на Снеже, мрзоволно се појави на вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа беше навикната така да заспива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во кујната мирисаше на некакво јадење, но тој не беше навикнал сам да си зема.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ме погоди бидејќи го доживеав како израз на некое нетрпение на какво што од неа не бев навикнал. Ова беше реткост. Но, требаше да се одбранам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не ми беше лесно читањето, бидејќи се работеше за текст пишуван на рака, со својствен ракопис, ракописот на учителот Димитрија Боте, кој навистина беше педантен, но сепак својствен, а покрај тоа и текст пишуван со еден правопис на кој не бев навикнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Карл, бидејќи се беше навикнал да си игра во дворот и многу често да го шетаат надвор од куќата, затворен во собата нервозно плачеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А Фоте, кој беше навикнат па и отрпнат на зајадливите забелешки од Маре, помина и преку оваа со тоа што ја премолче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ернст, Европеец, беше навикнал да се движи во светот како во свој свет, суреден, добро познат и доволно осмислен.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А таа беше навикнала на своето име па, кога го премолчувавме, се однесуваше необично.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А на крајот на краиштата, и си беше навикнал на сопственото име Јагулче, и како сега мигум да одвикне?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)