бев (гл.) - напушти (гл.)

И сега, кога му беше јасно дека засекогаш ја беше напуштил илузијата да ги следи јагулите кон Америка, или да им се предаде на азиските далечини, тој, всушност, почувствува дека, во овој град, беше на крстопатот на својот лавиринт, создаден од западните и од источните линии на неговите илузии.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
I Беше пладне и Винстон го беше напуштил својот бокс за да отиде в клозет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега ја беа напуштиле чистинката и повторно талкаа низ шарената сенка, прегрнати околу половината секогаш кога беше доволно широко за да одат паралелно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конечно го сретнав Фаерабенд во еден луксузен апартман во Петтата Авенија кој му припаѓаше на некој поранешен студент кој мудро ја беше напуштил философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го претепа, и јас и Земанек го изнесовме од училиштето (подоцна Фисот беше сменет поради тоа и доби укор пред исклучување и од Партијата, но веќе сѐ беше готово, оти Лудвик веќе нѐ беше напуштил); тој го замоли Земанека да претрча до кај него дома, да му земе една торба со алишта и да му го донесе саксофонот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Празничното расположение не го беше напуштило ни кога се разбуди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црцорењето на птиците, зуењето на вилинските коњчиња и скакулци, налетите на ветрот - сè беше како крик на болен што умира, и страшно, страшно далеку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А старецот, кој го беше напуштил целиот свет, одеднаш осети дека му е лошо дури и меѓу своите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој никогаш не спомна некаква врска помеѓу неговиот чин на распопување и постапката на попадиката која го беше напуштила не само него, туку и непораснатата ќерка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Арафат во себе беше начисто дека беше дел од израелскиот политички фолклор, во кој улогата како претседател му беше строго ограничена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше свесен дека го беше напуштил затворот на универзалниот егзил во кого светот му беше маневарско широко поле за потрага по својата татковина, за да заврши во еден друг наместен затвор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро, едно од оние утра во кои го молев Рајнер да ме пушти во својот дом за да можам да молам или да обвинувам, тој ми рече дека завршила љубовта помеѓу него и младата жена заради која ме беше напуштил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па сепак не ги беше напуштил до крај, зашто секогаш кога остануваше обесхрабрен од потрагата по сиџилите, се препушташе на записите за јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја беше напуштил земјата бегајќи, спасувајќи се од сталинизмот, за да го спаси голиот живот, а Татко со бегството преку Езерото, се спасуваше од фашизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маниризмот од 1880 до 1950-та беше а-историски, ако не и анти-историски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Маниризмот околу 1600-та не само што не ја беше напуштил врзаноста со религијата (колку и таа да беше доведена во прашање); тој се развиваше во однос на одредени искази на минатото, во однос на Александрија, на Хадриановиот Рим, на маниристичката литература од средниот век.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Претходно преполната плажа беше напуштена како за време на полициски час.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На моите прсти, твојот префинет мирис се мешаше со кокосовиот миск на лосионот за сончање со кој што без прекин си ги мачкавме телата еден на друг .
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)