бев (гл.) - нарече (гл.)

По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско понекогаш, ако подзагледате повнимателно, ќе го видите и Че Гевара клекнат крај болните дечиња, ако подзагледате уште повнимателно, Че навистина личи на еден Кускењо макар што нему не му натежнува каменото помнење туку е зафатен од друга болест, болест на столетијата која што еден друг доктор по име Габриел Гарсија Маркес ја беше нарекол – утописки сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Всушност самиот случај со сенката, како што го бев нарекол пред Господ Саздов натрапникот од излогот, беше разјаснет уште вчера и тоа во оној момент кога Господ ми рече дека човекон на џамлакот е изгледа оној, одредениот од службите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури по неколку мигови уследи дополнението на Зрновски во врска со констатацијата што ја беше веќе изрекол за она што го беше нарекол вистинито и лажно: -При нивниот допир едното ќе исчезне - гласеше тоа негово дополнување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи – реков – успеа да ми го обесиш на вратот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)