бев (гл.) - насобере (гл.)

Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како да ги беа насобрале на своите гранки сите бели цветови од ланската пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не му помагаше тука сета ука од сите книги што ја беше насобрал во својата нестрижена глава, зашто се покажа дека уште нема книга што барем ќе го воведе ако нема да го води човека низ животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Премногу емоции ѝ се беа насобрале на ова патување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Што си глупава! - ѝ свикав, истурајќи во врз неа сиот јад што ми беше насобран во душата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа интервју или, подобро, доживувањето од тоа интервју, молскавично ги избриша сите позитивни впечатоци што Ернст ги беше насобрал за време на нашата посета на Книн.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На „Халите“ излегов од метрото и тоа токму пред една од најстарите париски цркви „Сан Осташ“, пред чии портали беше насобран народ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)