бев (гл.) - науми (гл.)

Тоа што бев наумил да ѝ го кажам за завршениот ракопис ми остана в грло кога таа продолжи да ми зборува со мошне необичен глас. – Мајко, мајко мила, што ти се случило?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка сети дека Татко бездруго беше наумил заминување, преселба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ристе не чуди се (наеднаш со повишен глас и заканувачки ми се вдаде, а ништо не бев наумил ниту да прифатам ниту да отфрламам), за оваа слобода што сите ја густираме и кутрата Таша што ќе лежи во твојот сандак, има заслуги.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше гласови во семејството дека дури и самиот крал Зогу I, знаејќи за Татко, беше наумил тој да би­де вклучен во некој од неговите врвни судски ешалони.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие заслуги не се помали од моите!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)