бев (гл.) - начуе (гл.)

Уште пред се се скрши грнето беше начул дека секое време си има свои безизлези и дека многу труцкање врз лепливите тајни не е баш препорачливо.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Татко беше начул за необичната и библиотеката на Климент Камилски, но целата вистина за неа не му беше позната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој беше начул за судбината на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А што е за право, беше начул дека секое досегање на погледот до дното на залепеното грне е треперливо влегување во јатката на најубавиот збор.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)