бев (гл.) - одлучи (гл.)

Тој и во животот, а пред сè во соништата, со години ме прогонуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но имаше и други дополнителни причини поради кои Татко се беше одлучил на речиси историски чекор во семејството, да се мине границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Точно е дека бев одлучил Мирко Бунде да биде првата моја жртва.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко веќе беше одлучил да го стори судбинскиот чекор, само сега требаше да го реализира.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Интервенцијата беше врз основа на исклучок во законот за имиграција со кој им се овозможува на странски уметници да останат во Австрија сѐ додека тие можат да издржуваат од својата уметничка дејност. WochenKlausur најде спонзори за странските уметници (бегалци) кои ја нарачаа нивната „социјална пластика“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Темата на уметничките дела беше одлучена во соработка со хуманитарна организација, која подоцна испрати странска помош за земјата на потекло на уметникот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)