бев (гл.) - поведе (гл.)

Вујко му тогаш пренесуваше со своето добиче камени плочи за предворјето и го беше повел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штрајкот беше поведен од штрајкувачки одбор во кој беа избрани десетина нај- чесни и некорумпирани работници, докажани храбри борци, меѓу кои и Б.А.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците на спорот беше одлучено да си ги сноси секоја странка самостојно!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Туженото претпријатие беше задолжено, во рок од осум дена, на Б.А. да и исплати вкупна сума од 108.803 МКД (1.785 ЕУР) на име неисплатени плати, како и да ги плати сите неплатени при- донеси кон Фондот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Да, сосема непромислено бев повел војна за некоја правдина, за некаква одговорност на видни поединци во остворувањето на идеалите што ги бевме ставиле толку лесно на хартија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За што и кому требаше да му послужи ваквото објаснување на неговиот другар секретарот Јаким ако М. Ѓурев не престојуваше спомнатиот понеделник во таа проклета канцеларија на Јаким и ако не ја видеше белезицата на раката на Ботка и ако не беше поведен разговор за таа скапоценост?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)