бев (гл.) - повлече (гл.)

Сега се беше повлекол еден чекор понатаму: во свеста се беше предал, но се надеваше дека душата ќе си ја сочува негибната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невидено, малото парче хартија беше повлечено од струјата врел воздух и исчезна во блесокот на пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болката повторно се намали. Тој ги отвори очите. О'Брајан ја беше повлекол рачката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се беше пополнил во телото, воспалените вени се беа повлекле, оставајќи само едно кафеаво петно на кожата над глуждот, нападите на кашлица рано изутрина беа престанале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Срната, веројатно исплашена од огнот, се беше повлекла во најтемниот агол од сопчето и таму лежеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еднаш минував по една улица од која штотуку се беше повлекла поплавата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се бев повлекол зад своите размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Извини, но зошто не сакаш да ми објасниш што се случи? - реагираше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слепецот, во неговиот приговор, се разбира беше тој а водичот таа, и тоа само затоа зашто го беше повлекла за раката да му покаже еден модел во излогот на големата продавачка куќа!.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)