бев (гл.) - помине (гл.)

Не дека беа поминале многу денови, не тоа, туку дека видов оти со десет удари со казмата, Јован вадел по дланка земја. Не влегол ни до колена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но не беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со Татко беше поминал повеќе време, од предвиденото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби таа сила што ме поттурнуваше не беа прсти или рака туку желбата или потребата над која немав контрола.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност некои прсти ме имаа фатено за рамото и ме туркаа кон собата во која ти го беше поминала сосема сама поголемиот дел од твојата последна ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утредента кризата веќе беше поминала.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
VI. ... Сега Змејко лежеше оптегнат колку што беше долг на тврдиот дрвен кревет, а сето, преку што само што беше поминал низ сеќавањето, претставуваше само згоразгорен бегол поглед врз сета онаа бездна што ја чуваше во себе за оној човек, што го испрати пред малку во снегот, пред да го мрази.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Петровден беше поминат, а само до Петровден не ги оставав да влегуваат во вода. Да се мрцкаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Винстон забележа дека таа никогаш не употребува зборови од Новоговорот, со исклучок на оние што беа поминале во секојдневна употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше поминало дваесет и два часот кога стигна во станот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телекранот беше поминал на нападна воена музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа девојката со темна коса. Од онаа вечер кога налета на неа пред старинарницата, беа поминале четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги запиша и заемките: биљур, чаша, чашка, кристал (од арапски billr); чорбалук, чорбалак, голема, длабока чинија за чорба (од турски corbalik); тепсија (од турски tepsi); синија, вид голема тепсија од бакар, која не се употребува за печење како тепсијата, ами служи како маса на која се ставало јадењето и околу која се седнувало и се јадело (од турски sini); тенеќе, лимен сад, обично за сирење, масло или кајмак (од турски teneke); зембил, плетена торба од рогоз за носење разни артикли, особено зеленчук (од арапски zembil) Дамна беше поминала полноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ја изговараше синтагмата Октомвриската револуција, тоа го чинеше со тивок глас, гледајќи несвесно лево-десно, уште не можеше да се ослободи од напластениот страв во душата од Голи Оток, којшто како да беше поминал во инстинкт, како рефлекс, иако беа поминати години од неговото ослободување и никогаш целосното рехабилитирање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски најпосле почувствува замор. Сите други во семејството беа дамна заспани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само трипати ни се случи во купонските времиња да останеме без нив: еднаш кога купоните ги изеде една од нашите кози од времето пред забраната за чување кози, другиот пат кога беа паднати зад еден креденец, а Мајка ги најде кога им беше поминат рокот и повеќе немаа никаква важност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не се надеваше дека повторно ќе ги види овие букинисти, макар што од последната средба со нив беа поминати петнаесетина години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, откако го погледна часовникот, виде колку време беше поминал во домот на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
При последното јавување на Привидот, а тоа се случи пред два - три месеци, помеѓу нас беше поминал некој тежок камион па пријателов - Привид помислил дека поради бучавата спомнатото обвинение не сум имал можност јасно да го доразберам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште не беше поминал ни половина час, ја виде својата комшика, верверичката Беба, како влегува во нејзината куќичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но, не беше поминал ни двеста триста метра, мајмунчето, кое очигледно се качило врз дрвјата да го најде, пак се спушти врз него од едно дрво.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ете, тој Лазо застана на портата тој ден, сабота треба да беше, на Цветници мислам, и тоа во раното, уште млекарот Софроние не беше поминал со млекото, и мавта со хартијката во раката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа се случи многу подоцна, сине, толку премрежија ни беа поминале преку глава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Руски, имаш поздрав од Военото“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Студеното во цревата уште не ми беше поминато.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако не е така тогаш зошто елегантното оро, ноќта уште не беше помината, а тоа заринка во снегот на далечниот брег на Леденото Езеро?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не беше поминал ни еден час, како со Кети, ќерка им, која е поголема од мене две години, учевме англиски од нејзината книга од Лондон.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)